Универзитетската библиотека од Марибор е партнер на европскиот проект за реализација на националните проекти за отворена наука

Универзитетската библиотека од Марибор е партнер на европскиот проект H2020 NI4OS-EUROPE: BUILDING NATIONAL INITIATIVES FOR OPEN SCIENCE IN EUROPE („Реализација на националните проекти за отворена наука во Европа“). Во проектот, кој што е предвиден да трае три години, покрај Универзитетската библиотека од Марибор, како национален партнер исто така учествува државната установа Arnes – Академска и научно-истражувачка мрежа на Република Словенија.

Проектот предвидува отворен пристап до научните резултати, повторно искористување на отворените и научно-истражувачки податоци, а исто така и создавање на заедничка научна европска отворена платформа со назив European Open Science Cloud („Европски отворено-научен клауд“).

Проектот е фокусиран на регионот на Југо-источна Европа за да се стимулира привлекување на клучните заинтересирани страни на национално и регионално ниво, да се засилат координираните дејствија, да се постигне ефикасна комуникација и да се хармонизира националната практика со EOSC како на техничко-оперативен план, така и на стратешка (разработка на механизми за развој на отворена наука).

Извор: um.si