Ве покануваме да земете учество на хактон „Нови дигитални решенија од областа на безбедноста и мобилноста“

Се покануваат сите заинтересирани да земат учество на хактон „Новите дигитални решенија од областа на безбедноста и мобилноста“ со награден фонд од пет илјади евра. Целта на отворениот тимски конкурс е разработка на функционални идеи и дигитални решенија од областа на безбедноста и мобилноста во широка смисла на зборот.

Ораганизатори на хакатон се министерството за државно управување, Tehnološki park Ljubljana d.o.o. (проектот Odeon, програмата Interreg Mediterran), ABC Accelerator, Microsoft d.o.o., Ljubljana, IBM Slovenija d.o.o., GDi d.o.o., Ljubljana, Comtrade d.o.o. и Xlab d.o.o., факултетот за компјутерски науки и информатика при универзитетот во Љубљана, факултетот по електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор.

Рокот за поднесување на пријавите за учество е до 12:00 часот петок, 4-ти октомри 2019 година.

Хакатон ќе се одржи во две етапи: 5-ти и 6-ти октомври 2019 година (подготовка за презентација на идеи со помош на професорите, избор на финалистите), 22-ри октомври 2019 година (завршен настан, презентација на трите најдобри идеи од победничките тимови).

Награден фонд: прво место добива 2500 евра + ДДВ. Второ место добива 1500 евра + ДДВ. Трето место добива 1000 евра + ДДВ. Избраните тимови исто така ќе бидат вклучени во програмата за предавање и консултации каде што тие со поддршка на експертите од Tehnološki park Ljubljana d.o.o. и технолошките партнери ќе ја трансформираат својата идеја во практично значајна функционална апликација.

Подетално и пријава

Извор: ljubljana.si