Ве покануваме да земете учество на конкурсот за најдобра магистерска работа од областа на одржливата енергетика

Операторот на пазарот за електрична енергија од компанијата Borzen d.o.o. организира конкурс за најдобра магистерска работа од областа на одржливата енергетика. Пријавите за учество може да се достават до 7-ми октомври 2019 година на следната електронска адреса: natecaj@trajnostnaenergija.si. Почесен покровител на конкурсот е министерот за инфраструктура магистер Аленка Братушек.

Се покануваат сите студенти, кои што го заштитиле или успешно ќе го заштитат својот магистерски труд во период од 1-ви јануари 2018 година до 30-ти септември 2019 година да земат учество на конкурсот.

Магистерската работа треба да ја опфаќа сферата на обновливи извори и ефективното користење на енергијата. Наградата за најдобар труд изнесува 3000 евра. Најдобриот труд помеѓу сите останати ќе го определи експертското жири, кое што ќе ги земе во предвид комплетноста, применливоста и оригиналноста на приодот.

Одржливата енергетика е важен дел од решенијата на современите проблеми. Наведениот конкурс е стимул за младите луѓе да создаваат заедничка одржлива иднина во областа на енергетиката.

Подетално Правила за конкурсот

Извор: feri.um.si