Ве покануваме да земете учество во конкурсот за најдобра дипломска и магистарска работа

Технолошката мрежа „Технологија за управување со процеси“ објавува конкурс за најдобра дипломска и магистарска работа. Конскурсот е насочен кон промоција на научно-истражувачка и професионална дејност во гранките, кои што претставуваат интерес за структурните поделби на посочената технолошка мрежа.

Според резултатите на конкурсот ќе бидат наградени авторите на најдобрите дипломски и магистерски работи, кои што биле заштитени во 2017 или 2018 година. Покрај наградите, ќе бидат врачени и две признанија за авторите на дипломските и магистерските работи.

Церемонијата на врачување на наградите и признанијата ќе се одржи на 9 – 10 април 2019 година во Марибор во рамките на конференцијата „Автоматизацијата во индустријата и економијата“. Секој добирник исто така ќе добие парична награда, а резимето на неговата работа ќе биде објавено на официјалната веб страна на технолошката мрежа „Технологија за управување со процеси“.

Предложените теми од организаторите: „Автоматизација на машини и уреди; „Управување со комплексни системи и технолошки процеси“; „Паметни-системи и процеси на паметните фабрики“; „Дијагностика,прогноза и самоопслужување на машините и уредите“; „Автономни транспортни средства“; „Поддршка на логистичките процеси во компаниите“; „Технологии за паметно управивање и за рационално користење на енергијата, повишување на квалитетот на животот и намалување на загадувањето на животната средина“; „Современи информациско-комуникациски технологии во системите за управување (Интернет – ствари, вештачка интелегенција, клауд – технологии, обемни податоци big data)“; „Технологии и знаења за разработка на нови инструменти и блокови на податоци за системите за управување“, а исто така и други области, поврзани со проблематиката на управување со системи и процеси.

Кандидатот може да го предложи професорот (професор од универзитетот, научен работник) или компанија, каде работи кандидатот или каде тој ја спремал дипломската или магистерската работа.

Пријавите со сите потребни документи се примаат до 5 март 2019 година по електронска пошта: info@tvp.si, тема: Nagrade TM TVP.

Подетални информации и инструкции за пополнувањето на пријавата – на сајтот (Вести).

Извор: feri.um.si