Ве покануваме да земете учество во конскурсот за иновативни решенија во сверата на одржливиот туризам во Јадранско – Јонскиот регион

Конкурсот се одржува во рамките на проектот FOST INNO („Стимулирање на развој на иновациски туристички систем во Јадранско – Јонскиот регион“) кој што е кофинансиран од Европскиот фонд за регионален развој и IPA фондот. Проектот се реализира во рамките на програмата Interreg ADRION во контекст на приоритетната оска „Иновациски и „паметен“ регион“. Целта на конкурсот е избор на две напредни идеи, кои што ќе стимулираат развој на одржливиот туризам во Јадранско – Јонскиот регион.

За учество во конкурсот се примаат: иновациски производи (разработка на нов производ или значително подобрување на постоечкиот производ), напредна услуга (предложување на нова услуга или значително подобрување на постоечката услуга), напреден модел на бизнис или бизнис процес (нов или значително усовршен модел на бизнис или бизнис процес кој што се разликува од постоечките аналози на пазарот и претставува сам по себе иноваторски начин за комерцијална дејност на организација при добивање на повисока додаена вредност).

Критериуми за избор: оргиналност, актуелност на идејата за регионот и државата, финансиски и деловни аспекти на идејата, одржливост на идејата.

Целна група се сите заинтересирани за развојот на одржливиот туризам и проверка на својте идеи на Јадранско – Јонскиот пазар: индивидуи, непрофитни и профитни организации, мали и средни претпријатија, државни органи, туристички организации и слично.

Придобивката за двете избраните идеи:

  1. поддршка во разработката на идејата (исто така им се презентира на сите курсисти во форма на тренинг и онлајн консултации),
  2. доработка на идеите од поканетите експерти (во Словенија),
  3. маркетинг анализа за Јадранско – Јонскиот регион (шест држави партнери на проектот FOST INNO: Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија),
  4. jавно распространување на информации за идејата.

Пријавите се примаат до 31 март 2019 година. Врз основа на критериумите наведени во објавата, Советот на Јадранско – Јонскиот центар за иновации во туризмот на 15 мај ќе ги објави двајцата победници со двете иновациски идеи.

Подетално Пријава Информации Сајтот на проектот

Извор: fuds.si