Вебинар по повод светскиот ден за превенција од самоубиства

Во 2002 година Меѓународното здружение за превенција од самоубиства (IASP) и Светската здравствена организација (WHO) го прогласија 10-ти септември за Светски ден на превенцијата од самоубиства.

Photo: Unsplash/Verne Ho

Важна препрека во борбата против самоубиствата е стигматизацијата на ова подрачје, па многу луѓе кои патат од ментални болести воопшто не бараат соодветна помош. Светскиот ден на превенцијата од самоубиства исто така е можност за активно да се поттикне народот да врши превенција од самоубиства низ целиот свет, да се истакне силата на заштитните фактори, да се подигне надежта со цел да се одвратат поголем број на луѓе од самоубиства и да се укаже на важноста од поддршка на тие кои што на ваков начин изгубиле сакана личност.

Центарот за кариера од Универзитетот во Љубљана во четврток на 12-ти септември 2019 година во 10:00 часот организира семинар „Како да се разговара со некој кој што размислува за самоубиство?“.

На семинарот ќе учествува предавачот доцент доктор Вита Потуван и асистент доктор Тина Подлогар, дипломиран психолог од Словенечкиот центар за истражување на самоубиствата, кој што работи во рамките на УП Институтот Андреј Марушица.

Универзитетот во Љубљана ги поддржува активностите кои придонесуваат за намалување на проблемите и бројот на самоубиства, така што вебинарот ќе биде наменет за студентите, како и за пошироката јавност и поединците кои што се заинтересирани за оваа тема.

Повеќе информации за содржината на вебинарот и начинот на пријавување (овозможена е анонимност) можете да пронајдете на нивната веб страна или на FACEBOOK.

Извори: kc.uni-lj.si, www2.zf.uni-lj.si