Веќе е достапна новата веб страна за речници Slovarji.si

Веќе е достапна новата веб страна Slovarji.si – http://www.slovarji.si, која што е создадена за да им пружа помош на студентите во текот на студирањето. Ова е онлајн список на дигитални речници подредени по ред, во кои што еден од јазиците е и словенечкиот. Како дополнување на линкот на речниците и по поопширно пребарување по име, автор, гранка или јазик, веб страната исто така ви обезбедува основна информација за речникот.

Веб страната е резултат на проектот „Дигитализација и достапност на речниците“, чиј што раководител е професор доктор Мојца Компара Луканчич од универзитетот во Марибор. Партнери на проектот се Приморскиот универзитет (факултетот по математика, природни науки и информатички технологии) и компанијата Amebis. Проектот беше реализиран во рамките на „Отворениот конкурс за финансирање на проекти, насочени кон унапредување и подобрување на имиџот на словенечкиот јазик во областа на јазичните ресурси, технологии и дигитализацијата во 2018 и 2019м година (JR-Promocija SJ-2018–2019)“. Во финансирањето на проектот учествуваше министерството за култура на Република Словенија.

Во овој момент новата веб страна Slovarji.si е ориентирана само на извори од речници, затоа веб страната не содржи информации за други јазични ресурси и инструменти.

Извор: um.si