Ви благодариме што не посетивте во Скопје

Тимот од компанијата 2TM во периодот од 04-ти до 10-ти декември гостуваше во Скопје, Македонија. Имаа презентации во различни средни училишта, како и во училиштето за странски јазици Концепт во Скопје, каде што на учениците од завршните години на средните училишта им беа презентирани предностите од студирањето во Република Словенија, одговараа на нивните прашања за уписните рокови, постапката за запишување, изборот на студиски програми, како и на општи прашања за студентскиот живот во Република Словенија.

Photo: © 2TM d.o.o.

На прашањата на идните студенти и нивните родители експертите од компанијата 2ТМ одговараа и на консултациите. На презентациите, на коишто присуствуваа многу луѓе, како и на консултациите, присутните најмногу се заинтересираа за тоа на кој јазик може да се студира во Република Словенија, трошоците за живот и колку брзо може да се научи словенечкиот јазик. Идните студенти најмногу беа заинтересирани за студирање на медицина, стоматологија, економија, информатика.

Компанијата 2TM им се заблагодарува на сите, коишто не посетија во Скопје!