Ви благодариме што не посетивте во Сомбор, Суботица и Осјек

Претставниците од компанијата 2TM беа во Република Србија и Хрватска од 19-ти до 22-ри ноември. Во Република Србија прво ја посетија Суботица, каде што на учениците од трета и четврта година од Политехничкото училиште им ги претставија предностите од студирањето во Република Словенија. Најинтересни им беа студиските програми за градежништво, геодезија, машинство, медија бизнис, графички инженеринг, информатика.

 

Photo: © 2TM d.o.o.

Презентацијата е одржана во гимназијата „Светозар Маркович“ каде што учениците од трета и четврта година најмногу се интересираа за студиските програми психологија, менаџмент, медицина, економија, спорт, градежништво, машинство. Специјалистите од компанијата 2ТМ одговараа на нивните прашања за роковите и процедурите за запишување, условите за запишување, изборот на студиски програми, како и на општи прашања за студентскиот живот во Република Словенија.

Во Сомбор претставниците од компанијата 2ТМ одговараа на слични прашања на учениците од средното економско училиште Свети Сава и им ја претставија можноста за студирање во Република Словенија. Најголем интерес предизвикаа студиските програми за туризам, графика, спорт, менаџмент, економија, академија на уметност, животна средина, хемија, хемиски инженеринг.

Во Сомбор и во Осјек тимот од компанијата 2ТМ имаше и индивидуални консултации со учениците и нивните родители. Поголемиот број на прашања се однесуваа на програмите за машинство, енергетика, здравствена нега, предучилишно воспитување и педагогија.

Тимот од компанијата 2ТМ им се заблагодарува на сите кои што не посетија во Суботица, Сомбор, Осјек!