Актуeлни отворени работни места во словенечките компании Актуeлни отворени работни места во словенечките компании

Помеѓу новите избрани работодавачи се најдоа следните: Biserka Karo s.p. Frizerski studio „Blue“, Deichmann d.o.o., FAB d.o.o., Krka d. d., Lek d. d., Naton d.o.o.

Специјалист за техничка поддршка на корисници (м/ж)

Работодавач: FAB d.o.o.

Потребни вештини:

  1. високо образование (бакалавр),
  2. работно искуство до една година,
  3. користење на Windows, познавање на компјутерски техники,
  4. многу добро познавање на англиски и германски јазик (писмено и усно).

Распоред на работа: од понеделник до петок, од 08:00 до 17:00 часот во просториите на FAB d.o.o., Водоводна улица, 101, Љубљана или четири часа, од понеделник до петок, од 09:00 до 13:00 часот. Нема потреба од познавања за програмирање. Договор за вработување на определено време. Пробен период од шест месеци.

Плата: 2000 до 2500 евра бруто на месец.

Место на работа: Љубљана.

Овој оглас за работа е отворен до 12-ти февруари 2020 година. Пријавите со резимето и документите треба да се достават на следната електронска адреса: support@fab-online.com.

Продажба (м/ж)

Работодавач: Deichmann d.o.o.

Потребни вештини:

  1. средно стручно образование,
  2. комуникативност,
  3. флексибилност,
  4. спретност,
  5. умешност за работа со клиенти,
  6. тимски дух и позитивен однос.

Скратено работно време (30 часа неделно). Можност за професионален и личен развој.

Место на работа: Словењ Градец.

Овој оглас за работа е отворен до 28-ми јануари 2020 година.

Фризер (м/ж)

Работодавач: Biserka Karo s.p. Frizerski studio „Blue“

Потребни вештини:

  1. делумно или комплетно средно стручно образование,
  2. четири до пет години работно искуство,
  3. комуникативност,
  4. сериозност,
  5. одговорност,
  6. прецизност,
  7. мудрост,
  8. желба за работа.

Договор за работа на неопределено време. Пробен период од три месеци. Вработување на полно работно време.

Плата по договор.

Место на работа: Марибор.

Овој оглас за работа е отворен до 30-ти јануари 2020 година.

Бизнис секретар (м/ж)

Работодавач: Naton d.o.o.

Потребни вештини:

  1. средно или средно стручно образование,
  2. комуникативност,
  3. можност за тимска работа,
  4. самостојност во работата и самоиницијативност,
  5. спретност и самоорганизираност,
  6. одоговорен однос кон работата,
  7. владеење на англискиот јазик,
  8. добро познавање на инструментите Microsoft Office, Excel, Outlook,
  9. пожелно работно искуство од минимум една година.

Договор за работа на определено или неопределено време. Пробен период од шест месеци. Полно работно време.

Место на работа: Камник. Пријавите со резимето и документите треба да се достават на следната електронска адреса: isp@isp.si.

Експерт за контрола на квалитетот (м/ж)

Работодавач: Lek d. d.

Потребни вештини:

  1. високо образование (магистер или доктор на науки), Фармација, Хемија или друга природнонаучна специјалност,
  2. познавање на англискот јазик,
  3. една година работно искуство во областа на контролата на квалитетот, развојот или производството,
  4. пожелно познавање на GC или GC-MS техники за анализа.

Вработување на полно работно време. Договор за работа на определено работно време со можност за склучување на договор на неопределено време. Вработување во динамична средина во рамките на глобалниот систем Novartis.

Место на работа: Менгеше. Пријавите и биографијата на англиски и словенечки јазик се доставуваат не подоцна од 26-ти јануари 2020 година.

Келнер (м/ж)

Работодавач: Krka d. d.

Потребни вештини:

  1. образование од областа на хотелиерската индустрија, специјалност Келнер, Технолог од хотелиерската индустрија или Организатор на бизнис од областа на хотелиерската индустрија,
  2. пожелно работно искуство во хотелиерската индустрија,
  3. желба за работа во хотелиерската индустрија.

Договор за работа на определено време со можност за склучување на договор на неопределно време. Бонуси.

Место на работа: Долењски Топлици, Шмарешки Топлици, Оточце или Струњјане.

Овој оглас за работа е отворен до 02-ри јануари 2020 година. Пријавите со биографијата и документите треба да се достават на следната електронска адреса: zaposlitev.tk@terme-krka.si.

За повеќе информации јавете се на следниот телефонски број: (07) 331 91 70.

Извор: optius.com