Вишата школа за градежно инженерство од Крањ ве поканува на меѓународна конференција

Вишата школа за градежно инженерство од Крањ во петок, на 24-ти мај 2019 година, ја организира Втората меѓународна конференција „Енергетска санација на објектите кои што се сметаат за културно наследство“. Отварањето на конференцијата е во 16:00 часот. Влезот е слободен.

Целта на конференцијата е да се претстават проблемите од сферата на енергетската санација на објектите кои што се сметаа за културно наследство и можни начини за решавање на тие проблеми. Поканети се да земат учество на конференцијата словенечки и странски експерти, кои што ќе ги споделат своите гледишта на актуелната тема.

Да напоменеме дека недвижното културно наследство е важен дел од историјата на секој народ, затоа при реконструкцијата на објектите се зема во предвид и архитектурното значење на истите.

Подетално

Извор: vsgi.si