Во 2018 година околу сто осумдесет илјади туристи ја посетија Големата планина

Една од главните туристички дестинации во Словенија, Големата Планина, во 2018 година ја посетиле рекорден број на туристи – околу сто осумдесет илјади луѓе. Туристите се воодушени од беспрекорната природа на Големата планина, панорамските погледи и од извонредната кујна.

Според локалниот туроператор со истото име, најголемиот број туристи се од Франција, Германија, Италија, Израел и Чешка, а бројот на гостите од Шпанија расте секоја година.

Туристите кои сакаат да ја посетат Големата Планина, ја користат жичарницата, која за прв пат е отворена во 1964 година. Патувањето трае 5 минути и им овозможува на посетителите да се восхитуваат на околните планини, реката и живописната долина. Туристите често ја избираат и пешачката патека од долината на реката Камнишка Бистрица до Големата планина која трае 2,5 часа.

Извор: dnevnik.si