Во Alma Mater Europaea се одржа работна средба посветена на учеството на високотехнолошките компании во подготовката на студентите

Во четврток на 13-ти јуни 2019 година, во просториите на Alma Mater Europaea се одржа работна средба посветена на учеството на високотехнолошките компании во подготовката на студентите од студиската програма „Интернет и информатички технологии“.

На настанот земаа учество претседателот на Alma Mater Europaea професор доктор Лудвик Топлак, директорот на студиската програма „Интернет и информатички технологии“ професор доктор Матеј Мертик, директорот на компанијата Innovation Service Network Марјан Лебер и магистер Матјаж Маџарец (Telekom Slovenija).

Извор: sl-si.facebook.com