Во Австрија се очекува ублажување на карантинот

Од 14 април во Австрија може да почне постепетно укинување на карантинските ограничувања, објави ORF на 6 април. Изјавата ја даде австрискиот канцелар Себастиан Курз.

Планирано е отварање на продажните места, чија што површина не надминува 400 квадратни метри. Поголемите продавници можат да почнат да се отвараат веќе следниот месец, а во средината на мај 2020 се планира повторно да започне работата на рестораните и хотелите.

Да се потсетиме, во Австрија бројот на потврдени случаи на инфекција со вирусот SARS-CoV-2 достигна 12 109, а бројот на смртни случаи изнесува 220.

Извор: regnum.ru