Во издаваштво на универзитетот од Марибор се издаде монографијата „Основи на италијанскиот јазик за работниците од областа на туризмот“

Во издаваштвото на универзитетот од Марибор се издаде монографијата на вработената од факултетот за туризам доцент доктор Мојца Компаре Луканчич „Основи на италијанскиот јазик за работниците од областа на туризмот“ („NOZIONI DI BASE DELLA LINGUA ITALIANA PER IL SETTORE DEL TURISMO“).

Научната монографија „Основите на италијанскиот јазик за туристи“ е одлична основа за сите оние, кои што работејќи во сферата на туризмот, се судираат со италијанскиот јазик. Книгата се состои од 23 глави, во кои што авторот му раскажува на читателот основи на теоријата, која што содржи звуци, букви, именки, родови, свршена и несвршена форма на глаголите, придавки, заменки, времиња (сегашно, минато, идно), а исто така и нијансите на практичното користење на италијанскиот јазик во областа на туризмот, со содржини во широка и тесна смисла поврзани со професијата туристички агент.  

Монографијата е наменета за студентите од сите три студиски програми на факултетот за туризам при универзитетот во Марибор, кои што изучуваат италијански јазик во рамките на изборниот курс.

Читателот добива можност за сестрано изучување на основите за комуникација со италијански туристи. Темите кои што се обработени од авторот не не ограничуваат во рамките на туристичката област туку вклучуваат и културолошки и меѓудисциплинарен контекст.  

Монографијата му овозможува на читателот да ја разбере терминологијата од областа на хотелиерството, хоспиталити индустријата, италијанската култура, италијанската историја, туристичките дестинации, гастрономијата и производството на вино.  

Книгата чини 14,50 евра. Истата можете да ја набавите во деканатот на факултетот.

Извор: ft.um.si