Во издаваштвото Oxford University Press се објави монографијата на вработената од универзитетот во Нова Горица

Во светски познатото издаваштво Oxford University Press 10 години по првото издание се појави и втората научна монографија на професор доктор Тани Пипан, вработена во универзитетот во Нова Горица и Институтот за карстологија Научно истражувачкиот центар на Словенечката академија на науки и уметности (Постојна).

Монографијата под наслов „Биологијата на пештерите и другите подземни живеалишта“ (The Biology of Caves and Other Subterranean Habitats) е резултат на долгогодишната соработка со светски познатиот научник од областа на биологијата и еволуцијата на подземните организми и подземните живеалишта, професор доктор Дејвид К. Калвер од американскиот универзитет (Вашингтон, округ Колумбия).

Книгата прв пат беше објавена во 2009 година. Во 2014 година истите коавтори и издавачот ја објавија монографијата „Плитки подземни живеалишта: екологија, еволуција и зачувување“. Второто (дополнето, преработено и усовршено) издание на првоспоменатата книга, беше резултат на прекрасните критики од читателите.

Извор: ung.si