Вo Љубљана ќе се одржи 19-та традиционалната матурска парада

Во петок на 17 мај 2019 година, во Љубљана ќе се одржи 19-та традиционална матурска парада. Организаторите очекуваат дека на парадата ќе земат учество повеќе од 25 илјади луѓе. Оваа година во просториите на Екононмскиот изложбен центар ќе се соберат млади од сите региони на Република Словенија, за прв пат во историјата на парадата таа ќе се одржи само во Љубљана.

По завршувањето на парадата во просториите на Економскиот изложбен центар ќе се одржи музичкиот фестивал OPEN AIR на кој ќе земат учество словенечки и странски исполнувачи и DJ-и.

Да споменеме дека првата ваква матурска парада се одржа во 2001 година. Оваа парада секоја година е поддржана од претседателот на Република Словенија, градоначалниците од Република Словенија, локалните туристички организации и многубројни спонзори, еден од нив е Telekom Slovenije.

Извор: student.si