Во Љубљана ќе се одржи 50-та изложба-саем „Природа – здравје“

Од 23-ти до 26-ти октомври 2019 година, од 09:00 до 19:00 часот секој ден, во просториите на Саемот во Љубљана ќе се одржи изложба-саем „Природа – здравје“. Настанот е со наслов „Храни се здраво“ и е посветен на здравиот начин на живот, избалансирана исхрана и хармонично живеење со природата. Изложбата ќе биде платформа за идеи, иницијативи и проекти, насочени кон зголемување на еколошката култура и социјалната одговорност во врска со природата.

Јубилејната изложба-саем е отворена за сите заинтересирани. Во рамките на настанот ќе се одржат повеќе од 100 предавања, практикуми, курсеви, тестови, консултации и округли маси. Изложбата ќе биде поделена на неколку тематски сектори: „Природа“, „Здравје“, „Движење“, „Природна козметика и велнес“, „Зелен соживот“. Помеѓу останатото, на настанот ќе бидат претставени велнес понуди, природна козметика, а исто така и разновидни органски прехранбени производи од словенечките производители.

1 евро, од продажбата на секој билет на изложбата, ќе биде наменето за фондот за Сојузот на пријатели на младината на Република Словенија. Во пресрет на настанот ќе се доделуваат 100 бесплатни билети за изложбата. Во извлекувањето на бесплатните билети може да учествува секој заинтересиран. За да се земе учество во извлекувањето треба во центарот за повторна експлоатација (Љубљана, Повишетова улица, 4) да се донесат работи кои што сеуште може да се употребуваат, а вам не ви се потребни. Во замена за тоа учесниците во извлекувањето ќе добијат бесплатен билет за изложбата.

Извор: ljubljana.si