Вo Љубљана ќе се одржи голема изложба – саем за кариера „Moje delo“

На 07-ми ноември 2019 година во Цанкаревиот дом, во Љубљана, ќе се одржи изложба-саем за карира „Moje delo“ со учество на претставници од околу 100 компании. Посетителите на саемот ќе можат да присуствуваа на предавањата, поврзани со прашања за изградба на кариера, а исто така и да се стекнат со детални информации и практични совети за можностите за вработување, образование и развој на кариерата.

На настанот ќе земат учество Службата за вработување, специјалисти кои што ќе им помогнат на посетителите правилно да ја напишат биографијата или да ги поправат грешките во истата. Покрај тоа, претставниците од Службата за вработување од 10:30 до 11:15 часот ќе одржат предавање за можностите за вработување во Австрија, а од 14:30 до 15:15 часот за можностите за вработување во Германија. Со консултантите од EURES (мрежата на Европските служби за вработување) ќе може да се разговара за варијантите за вработување во Австрија, Чешка, Данска, Франција, Хрватска, Германија и Словачка.

Влезот на саемот е слободен.

Извор: dnevnik.si