Во Љубљана ќе се одржи младинскиот уличен фестивал фестивал „Biti mlad je zakon!“

Во петок на 30-ти август 2019 година, од 14:00 до 19:00 часот во Љубљана на просторот за играње помеѓу Требињска улица и Пухова улица ќе се одржи традиционалниот младински фестивал Biti mlad je zakon! (Да се биде млад е закон!).

Целта на настанот е да им се претстави на младите и на нивните родители дејноста на различни настани и како да се помине квалитетно слободното време.

Програмата на фестивалот е преполна со креативни и спортски настани. Гостите на младинскиот уличен фестивал ги очекува турнир во фудбал, водни игри, капоера, одење по јаже, диск голф, лакрос, работилница за боречки вештини, работилница за танци, дегустација на храна, готвење на скара.

Музичка поддршка за време на целиот настан ќе обезбеди DJ Muha.

Извор: ljubljana.si