Во Љубљана ќе се одржи средба со економската делегација од Република Северна Македонија

Во вторник, на 28-ми мај 2019 година, од 14:00 до 18:00 часот во просториите на Стопанскиот изложбен простор во Љубљана (Димичева, 13, сала А) ќе се одржи средба со економската делегација од Република Северна Македонија на чие чело ќе биде премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Средбата ќе се одржи во рамките на Словенечко-македонскиот бизнис-форум со акцент на В2В-средби со македонските претприемачи и афилирани установи. Организатори на овој настан се Министерството за надворешни работи на Република Словенија и државната агенција SPIRIT. Пред учесниците ќе се обратат премиерите на Република Словенија и Република Северна Македонија, преседателите на стопанските комори од двете земји Бранко Азески и Боштјан Горјуп. Исто така се очекува да пристигнат и претставници на македонски претпријатија од различни сектори и гранки.  

Учеството на настанот е бесплатно. Информации: Матеј Рогељ, matej.rogelj@gzs.si, телефон: 01 58 98 159.

Извор: podjetniski-portal.si, gzs.si