Во Љубљана ќе се одржи традиционалната акција за чистење „За поубава Љубљана“

Во градската општина Љубљана подготвуваат акција за чистење со која треба да се предупреди дека и во време на епидемијата, чистата животна средина е од големо значење.

Photo: Љубљана традиционално ја задржа титулата „Зелена престолница на Европа“/pixabay/nastya_gepp

Акцијата за чистење ќе се одржи во среда, 20 април 2020, од 9 часот. Ќе се чисти во сите градски населби, а ќе бидат присутни претставници и на јавните претпријатија и заводи, училиштата и градинките, и други здруженија. Јавното комунално препријатије „VOKA Snaga“ ќе обезбеди вреќи за отпадоци, ракавици и заштитни маски. Учесниците ќе мора да ги почитуваат безбедносните мерки кои се во сила во овој период.

Да напоменеме дека во Љубљана веќе се отворија спортските игралишта, a гостинските локали работат со „преземање на нарачки“ (на пр. „McDonald`s McDrive“ и „HoodBurger“).

Владата размислува за натамошни олеснувања на карантинските мерки. На пример, од вторник 28 април 2020, повторно ќе бидат дозволени церемониите за склучување на бракови, изјави во петокот (24 април 2020) министерот за јавна управа Боштјан Коритник.

Извори: dnevnik.si, dnevnik.si, 24ur.com