Во Љубљана се оддржуваа традиционалниот фестивал Хокус Покус

Во Пионерскиот дом – Центар за култура на младите, оваа недела од понеделник 7 јануари до петок 11 јануари 2019 година, се оддржува 12 – тиот фестивал на науката Хокус Покус, кој преку активни работилници на различни установи го поттикнува интересот за науката и ги освестува луѓето за односот помеѓу природата, технологијата и човекот.

Овогодинешниот фестивал го испоставува односот на човечкото тело – машина и се соочува со прашања за разбирање на човечкото тело како машина, влијанијата на модерната технологија на нашето тело и употребата на технолошките знаења.

Програмата на фестивалот во предпладневините часови преку активни работилници го обликуваат стручњаци, кои ги претставуваат своите иновации врз основа на  науката и новите технологии, заводи од областа на науката, интердисциплинарни уметници, организации и фирми, кои ги истражуваат темите на фестивалот. Оваа тема на децата им се приближува прку различни дејности, како изработка на временска станица, мерач на влага, холограм и робот.

Извор: delo.si