Во Љубљана се одржа фестивал на науката

По повод 25 годишнината од Словенскиот фонд за наука во Љубљана од вторникот на 24-ти септември, до четвртокот 26-ти септември 2019 година се одржуваше Словенечкиот фестивал на науки кој што имаше меѓународен карактер. Фестивалот се одржува од 1994 година и е еден од најстарите вакви фестивали во Европа стремејќи се да ја отвори науката за широката јавност. Почесен покровител на фестивалот е водечкиот меѓународен експерт од областа на инфрацрвената наука и технологија, инфрацрвеното далечинско сондирање, машинско гледање и разработка на инструменти од Научно-истражувачкиот институт за оптика во Леон (Мексико) доктор Марија Стројник.

Во рамките на настанот традиционално се организира „Изложба на експерименти“, каде што учесниците од основните и средните училишта и студентите ги претставуваат своите проекти од областа на природните и техничките науки. Исто така посетителите имаат можност во живо да се запознаат со работата на научните лаборатории.  

Овој Словенечки фестивал на науката се одржа под паролата: „Кога науката станува моја страст“ („Ko znanost postane moja strast“). Фестивалот, помеѓу другото беше посветен на 50 годишнината од стапнувањето на човекот на месечината, на што беа посветени предавања и тематски настани по астрономија и астронаутика. Во текот на трите дена на Фестивалот исто така се одржаа предавања по хемија, биологија, биотехнологија, социологија, психологија, роботика, лингвистика, античка култура и право. Фестивалот го посетија повеќе од 2000 гости.    

Извор: delo.si