Во Љубљана се отвори изложба на скулптури од лед Ledena dežela

Во четвртокот, на 28 ноември 2019 година, на плоштадот Конгресни трг во Љубљана втора година по ред се отвора изложба на скулптури од лед Ledena dežela. Автор на проектот е Миро Рисмондо. Изложбата е подготвена од страна на уметниците за скулптури од лед од Република Словенија, Финска и Монголија.

Изложбата ќе биде отворена до 06-ти јануари 2020 година. Посетителите ќе можат да ги видат жителите на праисториските куќи на колци, древните Римкани, бродот на аргонаутите ремек-делата на Јоже Плечник (на пример познатиот Собор на слободата) и Божиќниот вертеп.

Температурата во изложбениот центар, којшто се наоѓа во голем шатор постојано се одржува на -4ºС.

Да додадеме дека оваа година за изготвување на скулптурите беа искористени 60 тони лед. Оформувањето на изложбата со помош на моторни пили, длето и други инструменти траеше 26 дена.

Извор: dnevnik.si