Во Љубљана стартува 12-от фестивал за култура и уметност „Дабари“

Од 18-ти јануари до 08-ми февруари 2020 година во Љубљана ќе се одржи 12-от фестивал за култура и уметност „Дабари“. Во рамките на фестивалот ќе се одржат театарски, танцови, музички настани, кинопроекции, екскурзии по изложби, практикуми и други настани за деца и млади, коишто ќе се одржат во Љубљана, Сежана и Домжале.

Во основата на фестивалската програма стои прашањето за меѓусебниот однос на уметноста, технологијата и науката, нивното взаемно влијание, а исто така и промените во сферата на уметноста, коишто се случуваат како резултат на развој на технологијата и науката.

Фестивалот ќе се отвори во сабота, на 18-ти јануари 2020 година, во Словенечкиот младински театар со семејниот мјузикл „Мачорот во чизми“ на режисерот Вито Тауфер. Фестивалот завршува на 08-ми февруари 2020 година, на денот на Франце Прешерн – праздник на словенечката култура, со премиера на претставата „Небото ми треба мене“ од режисрот Тина Грабнар, којашто ќе се одржи во Центарот на градска култура Kino Šiška. По завршувањето на двата горенаведени настани ќе се одржат креативни работилници, подготвени од професорите од здружението Sezam, во лабораторијата Rampa/Kersnikova, во центарот Dagiba и семејниот центар Mala ulica.

Во текот на целиот фестивал оваа година 77 организатори ќе одржат 136 настани, на коишто, како што се очекува, ќе земат учество повеќе од 14 илјади луѓе.

Извор: ljubljana.si