Вo Љубљана стартуваше „Националниот месец на колективно читање-2019“

Општината Љубљана оваа година се придружи на просветителската акција „Национален месец на колективно читање-2019“, која што ќе се одржи од 08-ми септември (Меѓународниот ден на писменоста) до 13-ти октомври денот на завршувањето Недела на детето. Една од целите на акцијата е минимум 15 минути читање на ден. Се покануваат сите заинтересирани, кои што ја имаат осознаено улогата на читањето во просветата индивидуи или организации да земат учество во акцијата.

Да напоменеме дека во Љубљана делуваат многу здруженија и организации, кои што организираат настани од локално, регионално, национално или меѓународно ниво, во правец на унапредување на културата на читање. Во 2019 година во градот се реализира проектот „Љубљана чита“, во чии што рамки на децата им се подаруваат квалитетни оригинални книги, кои што се избираат по пат на отворен државен конкурс. Во рамките на споменатиот конкурс се одржуваат уште 12 културни проекти.

Од 2015 година престолнината на Република Словенија се вбројува во мрежата на креативни градови на УНЕСКО, заедно со уште 28 градови од светот популизирајќи ги книгите и читањето.  Во 2017 година градот Љубљана беше удостоен со називот „Општина насочена кон читањето“ – поради реализација на низа проекти, кои што стабилно придонесоа за растот на свеста на населението за важната улога на книгата, читањето и културата за читање во целост.

Извор: ljubljana.si