Во Марибор ќе се отвори „Винска фонтана“

Во Марибор наскоро ќе се појави нова уникатна знаменитост – „Винска фонтана“. Овој проект веќе 15 месеци го реализира домаќинството Sončni raj во предрадието на Марибор – Водоле. Буџетот на проектот изнесува 200 илјади евра. Средствата во целост се обезбедени самостојно од домаќинството.

Пробното вклучување на фонтаната е планирано да се случи во ноември 2019 година, а официјалното пуштање во употреба – пред божиќните и новогодишните празници. „Винската фонтана“ ќе биде дел од мариборската винска туристичка маршрута, која што започнува кај Домот на старата лоза во центарот на градот и се движи кон домаќинството Sončni raj.

Сопственикот на домаќинството Богдан Мак со сопругата прават изложби на огранско земјоделие, пчеларство и одржлив туризам. Сега нивната понуда ќе се зголеми со „Винската фонтана“. Семејната инвестиција на едно место ќе обедини шест локални производители на вино со шест различни видови на вино. „Секој посетител ќе може да избере: да го проба едното исто вино шест пати или да ги проба сите шест различни сорти на вина“, – објаснува Богдан Мак. Во чашата ќе биде вграден чип, кој што ќе ги брои дегустациите на гостите. По шестата дегустација „Винската фонтана“ автоматски се исклучува. „Винската фонтана“ исто така ќе нуди два безалкохолни напитоци, со оглед на тоа што тој е планиран за гости со деца.

Според пресметките на сопствениците на домаќинството, во првата година од работата на „Винската фонтана“ ќе ја посетат од седум до десет илјади туристи. Понатаму се надеваат дека овие бројки ќе се зголемуваат.

Извор: delo.si