Во Марибор се одржува фестивал на улична храна Street Food Market Maribor 2019

Од четврток, 29-ти август, до сабота, 31-ви август 2019 година, од 11:00 до 22:00 часот во Марибор на плоштадот Леона Штукља се одржува Третиот фестивал на улична храна Street Food Market Maribor 2019. На настанот учествуваат 40 произведувачи од Марибор и регионот.

Целта на фестивалот е да се запознаат сите заинтересирани со популарната улична храна и да се потенцира значајното место на Марибор на светската гастрономска карта. Заинтересираноста за настанот е голема и за него веќе пишуваат престижните изданија – National Geographic и Le Journal Globe Trotter.

Согласно концептот на Фестивалот, менито и производителите кои што учествуваат се менуваат секоја година. На овој Фестивал сите кои што сакаат ќе можат да пробаат хамбургери, стекови, хот дог, чешки пивски колбаси, палачинки, макарони, сладолед, вафли, штрукли и дури специјалитети од Шри Ланка.

Извор: student.si