Во наредните шест месеци во Република Словенија ќе се појават повеќе од 17 илјади работни места – Служба за вработување

Објавени се новите податоци на службата за статистика на Република Словенија. Согласно објавените информации, вкупната количина на вработени од населението на Република Словенија според податоците од првиот квартал на 2019 година изнесува 978 илјади луѓе, што е за 1,5% повеќе од истиот период минатата година. Бројот на вработени лица пораснал за 2,5%, а самовработувањето за 4,6%.

720 илјади луѓе работеле врз основа на договор за вработување на неопределено време, а 117 илјади врз основа на договор за вработување на определено време. Бројот на вработени лица врз основа на договор на неопределено време во споредна со првиот квартал во 2018 година пораснал за 6%, а бројот на работници со договор на определено време се намалил за 14,6%. 56.1% од вработените лица се со средно образование, 9,3% се лица со основно образование или нецелосно средно, 34,6% се лица со средно стручно образование.

Специјалистите од службата за вработување прогнозираат дека во следните 6 месеци работодавачите ќе имаат потреба од услугите на 31 400 работници, поради зголемување на производството, трудничко боледување на некои вработени или пензионирање на дел од вработените. Во наредните шест месеци во земјата ќе бидат отворени околу 17 300 работни места. Најголема побарувачка според прогнозите ќе има во областа на градежништвото, операции поврзани со недвижностите, и во различни области на комерцијална дејност. Помеѓу најбараните специјалисти се: возачи на камиони, доставувачи, работници во преработувачката индустрија, ѕидари со камен, заварувачи, продавачи, електромонтери.

Да забележиме дека за изминатите шест месеци 44,6% од работодавачите во земјата се имаат судрено со дефицит на кадри, а од големите компании дури 66% од работодавачите. Најголеми проблеми имале работодавачите од областа на индустријата на хоспитацијата здравство, социјална заштита, во сферата на услугите (чистење, обезбедување…), градежништво, преработувачката индустрија, од областа на транспортот и логистиката. Половина од работодавачите го компензираат кадровскиот дефицит со прекувремени работни часови на вработените, скоро една четвртина од нив со подизведувачи, повеќе од 20% по пат на преквалификации (повишување на квалификации) на вработените.

Извор: dnevnik.si