Во Образовниот центар во Велење отворија станица за полнење на електрични автомобили

Во вторникот, на 04-ти февруари 2020 година, во Центарот за бизнис-образование Образовниот центар од Велење свечено се отвори станицата за полнење на електрични автомобили. Во текот на настанот се потпиша донаторски договор со компанијата Petrol. Со овој проект двете страни изразија приврзаност со одржливите решенија за животната средина.

Во церемонијата за отворање на станицата земаа учество директорот на Образовниот центар во Велење Јанко Погорелчник, директорот на Школата за машинство, геотехника и екологија Петер Розман, а исто така претставниците на компанијата Petrol Даниел Сенич и Жига Приможич.

Координаторот на проектот Боштјан Хрибар во текот на симболичното отворање го демонстрираше приклучувањето на новиот електричен автомобил на Центарот на станцата за полнење. Настанот беше придружен од кратка културна програма.

Извор: facebook.com