Вo Образовниот центар во Велење полските ученици презентираа проект, којшто се однесува на проблемите на младината во услови на дигиталното општество

Од 12-ти до 16-ти ноември 2019 година во Образовниот центар во Велење гостуваа учениците од средното училиште Chojna (Полска). На присутните тие им го претставија проектот Digital citizen in digital world („Дигитален граѓанин во дигитален свет“). Проектот се однесува на проблемите на младината и ги претставува плусовите и минусите на современото дигитално општество.  

Во рамките на посетата гостите им раскажаа на своите словенечки врсници за Полска, нејзиниот образовен систем и секако за своите дигитални производи. На студентите од Образовниот центар од Велење им беше претставена детална информација за електронските услуги: нивните типови, начинот на пристап до нив преку специјалните програми, а исто така и можностите за исполнување на секојдневните задачи со помош на компјутер. Покрај тоа полските ученици ги споделија своите знаења за безбедно и рационално користење на интернетот, тука вклучувајќи го и делот на заштита на своите дигитални уреди и личните информации.

Извор: scv.si