Во орбитата ќе биде лансиран првиот словенечки нано сателит, кој што е изработен на факултетот за електротехника при универзитетот во Марибор

Универзитетот од Марибор и компанијата SAB-LS потпишаа договор за лансирање на првиот словенечки нано сателит во орбитата. Ректорот на универзитетот во Марибор, професор доктор Здравко Качич и извршниот директор на компанијата SAB-LS Марко Мариани се потписници на овој договор.

Како што потенцираше раководителот на проектот TRISAT доцент доктор Изток Крамбергер, сателитот TRISAT во целост (освен соларните панели ) е разработен и произведен во Република Словенија, на факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор со учество на компанијата Skylabs. Во потпишувањето на договорот зема учество министрот за економски развој и технoлогија Здравко Почивалшек.

Сателитот со тежина од околу 5 килограми ќе биде лансиран на висина од 500 километри над земјата на носечката ракета Vega C на компанијата  Arianespace.

Времетраењето на експлоатација на овој сателит е 6 години. Компанијата SAB-LS ја има улогата на подизведувач на компнијата Arianespace за лансирање на нано сателити во орбитата во рамките на програмата мисија за мали вселенски бродови (SSMS) на Европската космичка агенција. Основната цел на мисијата TRISAT е проверка на квалитетот и можностите на уредите за космичка електроника.

Извор: um.si