Вo Порторож ќе се одржи 22-от Фестивал на словенечката кинематографија

Од 17-ти до 22-ри септември 2019 година во Порторож ќе се одржи традиционалниот 22-ри Фестивал на словенечката кинематографија. На конкурсната програма на овој фестивал оваа година ќе бидат претставени 57 филмови, кои што претенираат за првите места. Помеѓу нив ќе има 11 долгометражни филмови (7 – играни филмови и 4 документарни), 9 филмови, кои што се снимени во копродукција, 19 краткометражни филмови, 5 документарни среднометражни филмови и 13 едукативни филмови.

Фестивалот на словенечката кинематографија ќе биде отворен со филмот на Метод Певец „Јас – Френк“, главните улоги ги толкуваат: Јанез Шкоф и Катарина Час.

Во деновите додека трае Фестивалот ќе се одржат семинари, предавања, дискусии и округли маси.

Подетално за Фестивалот

Извор: delo.si