Во Радовљица се одржува грандиозен Фестивал на чоколадото

Од 17 до 19 април 2019 година во Радовљица (Горењски регион) на плоштадот Вурников трг се одржува традиционалниот веќе осми по ред Фестивал на чоколадото. На фестивалот ќе има претставено асортиман на повеќе од 30 произведувачи на чоколадо од целата земја. Новитет на овој фестивал е изработката на чоколаден „Рубин“ со розево – виолетова боја, изработен од семето на какаото.

Фестивалот трае секој ден од 09:00 до 19:00. Влезот е слободен. Цената на 4 купони за дегустација изнесува само 2 евра.

Посетителите на фестивалот ги очекува богата забавна програма – настапи на улични актери, детска програма, стрелање со лак и стрела и други интересни содржини. Покрај тоа за време на фестивалот во локалниот парк се одржуваат концерти на 11 словенечки поп-музичари.

Во Радовљица, позната по својата архитектура и прекрасните пејзажи на околните села (посебно Бегуње), може да се допатува со автобус или со воз од Љубљана. За тие кои што одмараат на Блед се препорачува да дојдат со велосиеди бидејќи Радовљица се наоѓа на само неколку километри од најпознатиот словенечки туристички центар.

Да додадеме дека без разлика на климата, на фестивалот секогаш има многу посетители, а вкусот на чоколадото има способност да подари топла пролетна насмевка!

Извор: nina-travels.com, radolca.si