Во рамки на циклусот Научни вечери на Универзитетот во Нова Горица ќе се оддржи предавање за својствата на атомите

Универзитетот во Нова Горица ве кани на предавање кое ќе го одржи др.Волфанг Друбе (Deutsches Elektronen-Synchrotron DESY, Photon Science) од Хамбург, Германија, со наслов „Истражување на својствата на атомскиот микрокосмос со исклучително светли зраци“.

Предавањето во рамки на циклусот „Научни вечери“ ќе се оддржи во четврток 15-ти ноември 2018 година, во 19 часот во дворецот Лантерна во Випава.

По предавањето следи разговор со предавачот, кој ќе го води проф. д-р. Исток Арчон, декан на факултетот за постдипломски студии на Универзитетот во Нова Горица. Предавањето ќе се одржи на англиски јазик. Влезот е слободен.

Универзитетот во Нова Горица помеѓу студиската година организира стручни предавања, на кои угледни научници од Словенија и од странство ги претставуваат своите научни достигнувања во рамки на Научните вечери. Научните вечери се наменети на пошироката јавност, а нивната цел е да ја доближат науката на пошироката публика и да и го олеснат разбирањето на научните мисли.

Извори: ung.si, videolectures.net