Во рамките на проектот MARDS специјалистите од универзитетот во Марибор го споделуваат искуството од организирањето на докторските програми со колегите од Австрија, Албанија и Црна Гора

Од 06-ти до 08-ми ноември 2019 година универзитетот од Марибор организираше практикум за разработка на докторски програми за претставниците од шест универзитети од Црна Гора, Албанија со учество на гостите од Австрија. Во текот на практикумот професорите – разработувачи на докторските програми и докторската школа при универзитетот од Марибор ги споделија своите искуства и препораки во оваа област. Настанот се одржа во рамките на проектот MARDS („Реформа на докторските студии во Црна Гора и Албанија – парадигма на добра практика“).

Во овој проект учествуваат 15 установи; покрај универзитети, тоа се министерства и стопански комори. Главен партнер на проектот е универзитетот од Црна Гора. Преку проектот MARDS партнерите се стремат да дадат придонес во решението на сериозните проблеми во црногорскиот и албанскиот систем на  високо образование во областа на докторските студии. Клучни цели на проектот се: адаптацијата на двата система во согласност со Салзбуршките принципи и отворање заеднички одржливи пилот докторки школи во двете земји, што според мислењето на учесниците во проектот, би било пример за добра практика во регионот на Западен Балкан. Во најбрзо време универзитетите од Црна Гора и Албанија ќе подготват препораки за надлежните министерства, со кои што заедно сакаат да иницираат реформи во системот на високото образование.

Извор: um.si