Во Република Словенија бројот на лица со научен степен е поголем, отколку во другите земји од западот – според ОЕСР

Според податоците од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР), во Република Словенија се зголемува бројот на дипломци од средните стручни и високи образовни установи. Па така ако во 2008 година бројот на лица на возраст од 25 до 34 години со средно стручно и високо образование изнесувало 30%, тогаш во 2018 година – 41%. При тоа соодносот на дипломците од среднито стручно и високото образование е од прилика исто.

Како што се забележува во зборникот објавен од Организацијата за економска соработка и развој „Поглед на образованието 2019“, бројот на докторанти помеѓу лицата на возраст од 25 до 34 години во Република Словенија изнесува 5,3%, а во целост помеѓу возрасното население (на возраст од 25 до 64 години) – 3,8%. За споредба, во земјите од ОЕСР аналогните показатели изнесуваат 0,8% и 1,1%.

Според последните податоци на Организацијата за економска соработка и развој, Република Словенија троши на образование 4,3% од бруто домашниот производ, а на предучилишно воспитување и образовние вкупно 5,3% од бруто домашниот производ.

Извор: dnevnik.si