Во Република Словенија започнува циклусот на божиќните и новогодишните настани „Весел декември“

Во петок, на 29-ти ноември 2019 година, во Љубљана, Марибор и Копар ќе започне циклусот на празнични настани „Весел декември“. Градовите во Република Словенија ќе бидат исполнети со пријатна атмосфера на престојните божиќни и новогодишни празници со богата културна и забавна програма.

По тој повод на плоштадот Прешернов трг во Љубљана на 29-ти ноември 2019 година во 17:15 часот ќе се вклучи празничното осветлување и ќе започнат со работа празничните тезги на брегот, на плоштадот Конгресни трг, на Галусовиот брег, Цанкаревиот брег и Петковшкиот брег. Посетителите на панаѓурот ќе можат да пробаат варено вино, чај, празнични специјалитети, а исто така и да си купат сувенири.

Во Копар празничното осветлување ќе се вклучи на 29-ти ноември во 17:00 часот. Празничниот настан ќе го одржат: Леа Сирк, Аника Хорват и групата Klapa Semikanta. На истиот ден кај морето ќе се отвори лизгалиште на мраз.

На 29-ти ноември 2019 година во 17:00 часот празничните огнови ќе се запалат и во центарот на Марибор. Празничното осветлување ќе го разубави стариот градски плоштад и улиците. Во центарот на градот ќе работат божиќните и новогодишните тезги, а исто така ќе има и музичка програма.

На главниот плоштад во Цеље празничното осветлување ќе се вклучи во сабота, на 30-ти ноември 2019 година, во 17:00 часот. На овој ден ќе се отвори и божиќниот и новогодишниот панаѓур, а радио Fantasy ќе се погрижи за музичката програма.

Градовите низ цела Република Словенија ќе бидат исполнети со празнична атмосфера, со вкусот на варено вино и празнична храна. „Веселиот декември“ е многу близу. Дали сте вие подготвени?..

Извор: student.si