Во Санкт Петербург се одржа семинар 2ТМ, посветен на особеностите на уписната кампања 2019/2020

Во понеделник, 04 февруари, во петербургската библиотека “На Стремјаној” се одржа семинар 2ТМ “Образование во Словенија: запиши се навреме! ”. Од насловот на семинарот не е тешко да се сетиме, дека главна тема на настанот се особеностите на уписната кампања 2019/2020.

Семинарот го одржа раководителот на претставништвото на компанијата 2ТМ во Санкт Петербург – Ксенија Балашова.

Како главни прашања на семинарот биле разгледани роковите за поднесување на документи за запишување, бројот на места за странци на водечките универзитети, карактеристиките на конкурсот и дејствијата на апликантот во сличај ако не успее да ги поднесе документите во првиот рок. Радува, тоа што, на нашиот семинар присуствуваа тие што слушнале за 2ТМ за прв пат , но исто така и тие, со кои ние веќе се знаеме од минатите одржани настани. Тоа говори за искрената заинтересираност на луѓето за образованието во Словенија и нивниот сериозен приод кон изборот на помошник за таа многу важна работа.

Одговарајќи на многубројните прашања на гостите, ние раскажавме за тоа, како се одвива адаптацијата на странските студенти во Словенија, во какви услови тие живеат и какви бонуси користат, колку е тешко да се научи словенечкиот јазик и колку брзо може да се полага испитот за словенечки јазик, дали е тешко да се најде работа по струка и така натаму” – раскажуваше Ксенија Балашова.

Таа додаде, дека овој пат помеѓу учесниците на семинарот имало повеќе од тие, кои што се интересирале за магистратура, а не за студии.

Нам ни е секогаш драго, кога младите свесно пристапуваат кон продолжение на своето образование после дипломските студии и ги избираат словенечките универзитети за специјализација” – подвлече претставникот на 2ТМ.

Ве потсетуваме Вам, драги читатели, дека од 12 февруари во универзитетите и колеџите во Словенија започнува првиот приемен рок. Од тој момент сите заинтересирани да се запишат во учебната 2019/2020 можат да доставуваат пријави за запишување. Меѓу другото право на упис во првиот уписен рок имаат имаат и учениците од средните училишта и колеџи, кои сеуше не ја завршиле учебната година. Запишувањето во првиот круг ќе Ви овозможи голем избор на учебни програми и доволно  време за да ја изберете програмата која што ќе ви одговара најмногу Вам и да ги соберете потребните документи .

За да добиете повеќе информации за процедурата за запишување на словенечките образовни установи, јавете се на нашите менаџери или испратете пријава за консултација, користејќи го образецот на сајтот.