„Во Словенија ќе добиете многу бидејќи образовниот систем е одлично организиран и кредитно добро валидиран“ – Ирена Нанчовска Шербец, универзитетски професор на Педагошкиот факултет во Љубљана

„Математиката ми беше прекрасна и додека учев во математичката гимназија во Охрид учествував во бројни математички натпревари. Jа имав таа среќа уште тогаш да програмирам во средно училиште, што е сега реткост“ – вака Ирена Нанчовска Шербец се сеќава на своите гимназиски денови во родната Македонија, а денеска универзитетски професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија.