Во Словенија повторно се отвораат терасите на кафулињата, библиотеките, музеите и други услужни институции

Во среда вратите ќе ги отворат библиотеките, галериите и музеите, а во понеделник ќе биде дозволено и послужување на терасите и во дворовите на кафулињата. Владата во среда ќе расправа за деталниот план за намалување на анти-корона мерките.

Photo: Словенија постепено излегува од карантинот/pixabay/lawyergaoge

Дополнителни олабавувања во понеделник

Новиот бран на намалување на рестрикциите се очекува на 4-ти мај, кога ќе се продолжи со производството и вршењето на поправки во текстилната, кожната и индустријата за обувки. Во понеделник ќе се отворат и фотокопирниците, клучарите, часовничарите, златарниците и фотографите. Угостителските објекти ќе продолжат со работа, но во ограничен обем – услугата ќе биде дозволена исклучиво на отворено – на терасите и во дворовите на објектите.

Како што беше и претохдно најавено, во понеделник ќе се отворат црквите, како и фризерските и козметичките салони.

Извор: rtvslo.si