Во Словенија се појави нова официјална професија – аромотерапевт

Во Националната квалификација на професии (системот за сертификација, воспоставен од Министерството за труд, семејство, социјална политика и еднакви можности) на Република Словенија се појави ново звање – аромотерапевт. Тоа ќе им овозможи на аромотерапевтите да се стекнат со официјално признание и да ги сертифицираат своите знаења и вештини. Услови за стекнување со квалификацијата аромотерапевт е средно стручно образование, нема некои други посебни услови, затоа со оваа професија може да се занимава секој, кој што ќе пројави интерес.

Аромотерапевт е специјалист, кој што применува ароматични (етерични) масла за лечење на различни заболувања. Аромотерапијата позитивно делува на нетрадиционалната медицина. Ароматичните масла се внесуваат во човековиот организа преку вдишување и преку кожата. Има неколку методи на аромотерапија: аромотерапија преку масажа, компресии со етерични масла, ароматични козметички средства, ароматични бањи, инхалации со арматични масла и други.

Аромотерапевтот може да работи во неколку насоки: приватни клиники; во салони за убавина (естетска козметикологија); продавници за продажба на етерични масла, а исто така може да предава на едукативниот курс „Аромотерапија“.

Извор: siol.net