Во тек е избор на студенти за специјалистичка екскурзија во Нинберг

Студентите од последните години на студиските програми и студентите од магистерските програми по „Автоматика“ и „Изработка на роботи“, а исто така и од меѓу дисциплинарната програма „Мехатроника“ се покануваат да земат учество во екскурзијата во Нинберг, која што ќе се одржи од 24 до 26 јуни 2019 година.

Екскурзијата ја организира Институтот за автоматика и Институтот за изработка на роботи во соработка со универзитетот од Марибор. Предвидено е учество на 35 студенти и 6 лица кои што ќе ги придружуваат. Основната цел на професионалната екскурзија е да се посети најголемиот саем во Европа за сензорни и тестирачки технилогии SENSOR+TEST 2019.

Програмата на екскурзијата предвидува посета на фабриката Logicdata во Дојчландберг (Австрија), кратко разгледување на Линц (Австрија), посета на саемот SENSOR+TEST 2019 во Нинберг, посета на музејот Siemens Erlangen и разгледување на градот Ерланген, запознавање со производствениот процес во Audi во Инголштате, запознавање со производството на пиварата Erdinger под Минхен.

Пријавите за учество се примаат до 30 април 2019 година, до пополнување на слободните места, на адресата: milan.rotovnik@um.si.

Извор: feri.um.si