Во тек е прием на пријави за посета на бесплатните подготвителни курсеви за упис на програмата „Медијапродукција“

За тие, коишто се заинтересирани за се запишат на студиската програма „Медијапродукција“ на Колеџот за средно стручно образование Academia Maribor се организира прием на пријави за бесплатните подготовителни курсеви. Овој курс можат да го посетуваат сите идни студенти, коишто до 18-ти март 2020 година ќе поднесат пријава за да се запишат на горенаведената образовна програма.

Целта на курсевите е подготовка мултимедијални производи за успешно полагање на специјалниот креативен испит, којшто е задолжителен да се положи доколку сакате да се запишете на оваа студиска програма. Посетувањето на курсевите не е задолжително, но сепак е препорачано, пред се, за тие коишто, немаат средно образование од областа на графичкиот дизајн, дизајн и медијапродукцијата.

Извор: academia.si