Во тек е прием на пријави за учество на 26-от Меѓународен фестивал „Златен барабан“

17-ти и 18-ти октомври 2019 година во хотелот Словенија во Порторож ќе се одржи 26-от Меѓународен фестивал за креативност „Златен барабан“. Се покануваат да земат учество сите млади студенти и студентки. Паролата на фестивалот е „Creativity 4 Change“.

Програмата на настанот вклучува дискусии, округли маси, семинари, вмрежување. Фестивалот се затвора со церемонијата за врачување на Гранд-при Golden Drum Grand award.

Почесен гостин на фестивалот е светски познатиот словенечки филозоф Слава Жижек.

Пријавите за учество на настанот се доставуваат до 01 октомври 2019 година.

Регистрацијата за еден ден изнесува 47,00 евра со пресметан ДДВ, за 2 дена изнесува 90,00 евра со пресметан ДДВ.

Програма на настанот Регистрација за настанот

Извор: gea-college.si