Во тек е приемот на пријави од студентите за стажирање во рамките на мрежата The Guild

Меѓународната мрежа на европеските научно-истражувачки универзитети The Guild, во којашто се наоѓа и универзитетот од Љубљана, објавува конкурс за избор на двајца студенти коишто ќе земат учество во стажирањето.

Стажирањето ќе се одржи во канцеларијата на мрежата The Guild во Брисел. Студентите ќе се запознаат со спецификите на формирањето на политиката на Европската Унија во областа на истражувањето, иновациите и образованието.

Времетраењето на стажирањето е од шест до дванаесет месеци. Рокот за поднесување на пријавите е до среда, 15-ти јануари 2020 година.

Подетално за стажирањето

Извор: uni-lj.si