Во тек е приемот на пријави за добивање на кадровите стипендии за студентите од програмата „Компјутерски науки и информатика“ од Образовниот центар во Велење

За студентите од сите години од програмата „Компјутерски науки и информатика“ од Образовниот центар во Велење компанијата BSH Hišni aparati d.o.o. Nazarje доделува кадрови стипендии за 2019/2020 студиска година. Пријавите за добивање на кадровска стипендија се доставуваат не подоцна од петок, 13-ти декември 2019 година.

Со пријавата треба да приложите резиме со податоци за контакт, потврда за положени испити или последниот документ од завршеното образование, документ за запишана 2019/2020 студиска година (овој документ можете да го доставите подоцна).

Со избраните кандидати ќе бидат организирани индивидуални интервјуа. Покрај стипендиите на студентите за време на обуката ќе им биде понудено менторство во практичната обука и работа, помош при пишувањето на семинарските работи, проектите, дипломските и магистерските работи, можноста за користење на современата техничка опрема, учеството во проекти, а исто така и консултација за личен и професионален развој.

На сите стипендисти по завршувањето на обуката ќе им биде овозможено вработување.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: si-student@bshg.com, јавете се на следниот телефонски број: 03 83 98 149 или посетете ја следната веб страна: bshg-group.com

Извор:vss.scv.si