Во тек е приемот на пријави за конкурсот за иновативни идеи Falling Walls Lab Ljubljana 2019

Љубљанскиот универзитетски инкубатор во соработка со универзитетот од Љубљана и германската служба задолжена за прашањата поврзани со програмата за размена (DAAD), со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Германија одржуваат конкурс за иновациски идеи Falling Walls Lab Ljubljana 2019. Се покануваат да земат учество, сите кои што имаат иновативни идеи и кои што сакаат да ги реализираат истите во областа на науката, економијата и во пошироката социјална средина.  

Пријавите за учество на конкурсот се примаат најкасно до 8-ми септември 2019 година.

Согласно условите, учесниците на конкурсот Falling Walls Lab Ljubljana 2019 треба да ги претстават своите уникатни идеи и иновативни проекти во форма на опширна три минутна презентација на англиски јазик.  

Победникот на конкурсот Falling Walls Lab Ljubljana 2019 ќе се стекне со право на учество во финалето на конкурсот, кој што ќе се одржи на 08-ми ноември 2019 година во Берлин, а исто така и со покана за престижната конференција Falling Walls.

Подетално

Извор: efnet.si