Во тек е приемот на пријави за конкурсот за најдобри дипломски и магистерски работи од технолошката мрежа „Технологија на управување со процеси“

Во тек е приемот на пријави за конкурсот за технолошката мрежа „Технологија на управување со процеси“ (TM TVP) за најдобри дипломски и магистерски работи. Конкурсот се однесува на трудови, коишто се завршени во 2018 или 2019 година.

Тематика:

  1. автоматизација на машини и апарати;
  2. управување со сложени системи и технолошки процеси;
  3. интелектуални системи и процеси на „смарт“ фабриките;
  4. дијагностика, прогнозирање и самоопслужување на машините и апаратите;
  5. автономни транспортни средства;
  6. поддршка на логистички процеси во компаниите;
  7. технологии за интелектуално управување со потрошувачи на енергија, зголемување на квалитетот на животот и намалување на нивото на загадување;
  8. современи информациско-комуникациски технологии во системите за управување (Интернет ствари, вештачка интелигенција, клауд технологии, big data);
  9. технологии и вештини за разработка на нови инструменти и градежни блокови за системи за управување;
  10. други области, поврзани со системите и процесите за управување.

Врачувањето на наградите ќе се одржи во рамките на настанот Деновите на автоматиката, којшто ќе се одржи на 26-ти март 2020 година на факултетот за електротехника при универзитетот од Љубљана.

Рокот за поднесување на пријави е до 20-ти февруари 2020 година на следната електронска адреса: info@tvp.si (тема: Nagrade TM TVP).

Извор: feri.um.si